Тони Кукоч ќе влезе во куќата на славните

Некогашниот кошаркар на Чикаго Булс, Тони Кукоч ќе стане нов член во куќата на славните. Пред вчерашната церемонија на инаугурацијата на 16-те нови членови во Нејсмит Мемориал, кошаркарската Куќа на слваните во Спрингфилд, НБА лигата на официјалната веб страна, ја објави кариерата на хрватскиот кошаркар.

Кукоч е еден од најистакнатите европски НБА играчи и член на прославениот тим на Чикаго, тим со кој освои три последовалтени шампионски титули (1996-98).

Кошаркарот има добиено и сребрен медал со репрезентацијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, која го освои на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, откако во финалето беше поразена од тимот на Советскиот сојуз.

Тогаш во југословенскиот дрим тим, покрај Кукоч, беа и Владе Дивац, Дражен Петровиќ, Жарко Паспаљ, Дино Раџа, Јуриј Здовц, Зоран Радуловиќ, Зоран Чутура, Фрањо Араповиќ, Стојан Вранковиќ, Данко Цвјетичанин и Жељко Обрадовиќ, а тренер беше Душан Ивковиќ.

 

 

Scroll to Top