Тотенхем го отпушти Жозе Мурињо

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, доби отказ од клубот по 17 месеци на функцијата. Toj  дојде на местото на Маурицио Покетино во ноември 2019 и минатата сезона го предводеше клубот до шестото место во Премиер лигата.

Мурињо доби отказ откако Тотенхем освои само два бода на последните три натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на седмото место на табелата. Клубот настапот во Лига Европа го заврши во осминафиналето, откако беше елиминиран од Динамо Загреб. Клубот сѐ уште има шанси да ја заврши сезоната со трофеј, бидејќи в недела се среќава со Манчестер сити во финалето на Лига купот, но тоа ќе се обиде да го оствари со друг тренер.

Ова е четврти пат Мурињо да добие отказ во Англија, двапати од Челзи и еднаш од Манчестер јунајтед.

Scroll to Top