Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај: ќе ги почитуваме антиковид-мерките

Откако Владата ги олесни здравствените мерки, со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, организаторите на трката „Прв до врв“ Водно 2021, потврдија дека таа ќе се одржи на 16 мај како што беше предвидено на почетокот на годината.

Организаторите на настанот соопштија дека, наместо масовен, ќе се организира старт во бранови и ќе се запази мерката за потребно растојание меѓу учесниците. Пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласувањето на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, односно задржување и групирање на натпреварувачите.

Максималниот број учесници во трките е ограничен на 450 лица.

Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е сѐ уште отворено преку веб-страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Scroll to Top