Турција ги отвора стадионите со полн капацитет

Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ) објави дека од 9 ноември за трибините на стадионите ќе бидат целосно отворени за фановите, а клубовите од професионалните лиги во земјата ќе може да пуштат во продажба билети за 100% од капацитетот на стадионот.

Поради пандемијата, на трибините на стадионите во Турција беа дозволени само 50 отсто од капацитетите од почетокот на оваа фудбалска сезона, а лани натпреварите се играа без публика.

Новата одлука за целосно отворање на трибините на стадионите е донесена согласно препораките на надлежните здравствени институции. Сепак, гледачите ќе треба да исполнат одредени услови согласно мерките за заштита од пандемијата.

Scroll to Top