Уапсен сопственикот на фудбалскиот клуб Сампдорија

Првиот човек на фудбалскиот клуб Сампдорија, Масимо Фереро, е уапсен во Џенова, пренесоа италијанските медиуми. Причината е што тој лажирал банкрот на една од своите многубројни фирми. Не е прв пат Фереро да лажира банкрот на своја компанија. Тој е познат по тоа што основа фирма, ја презадоволжува па прави лажен банкрот, нешто што италијанските власти долго време го истражуваа.

Според сегашните информации клубот Сампдорија не е дел од истрагата, но многу работи за овој клуб ќе зависат од исходот на судскиот процес.

Како потсетување, поради лошите резулати на клубот, за сега не се знае дали ќе го задржат сегашниот тренер, Роберто Д’Аверса. Италијанските медиуми пишуваат дека тој наскоро ќе добие отказ, а на негово место се споменува предводникот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ.

Scroll to Top