Уапсена жената одговорна за авионската несреќа во која загинаа фудбалерите на Чапекоенсе

Полицијата во Боливија ја уапси Селија Кастедо Монастерио, жената која го одобрила планот за летање на авионот на бразилската екипа Чапекоенсе, кој се урна на 28 ноември 2016 година. Во несреќата загина 71 лице, меѓу кои фудбалери, тренери и менаџери на бразилскиот тим.

Според полицијата, уапсената жена била одговорна за анализа и одобрување на планот на летот кој ги пренесувал членовите на екипата. Поради нејзината лоша проценка, се смета дека е директно одговорна за авионската трагедија, пишуваат медиумите.

„Таа беше специјалист за безбедност на летање и во тоа време не ги испочитувала минималните услови при процедурата за одобрување на летот, зашто во претставената програма се пронајдени големи грешки“, соопштија од полицијата.

Обвинетата за трагедијата ќе остане во притвор, а допрва ќе ѝ се суди.

За потсетување, авионот на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоенсе се урна во Меделин, Колумбија, на пат за натпреварот со Колумбија Насионал во рамки на Копа Судамерикана. Во несреќата загинаа 71 лице од 77 кои беа во авионот. Спасувачите на местото на несреќата пронајдоа седуммина преживеани, но голманот Данило починал кратко потоа на пат кон болница. Тројца фудбалери ја преживеаја трагедијата, а двајца членови на екипажот имаа само мали повреди. Во несреќата преживеа и еден од новинарите кои патуваа со тимот, но тој почина лани од срцев удар.

Уште тогаш полицијата изјави дека причина за несреќата е лошото планирање на летот.

 

Scroll to Top