УЕФА нема да го презакаже финалето во ЛШ и покрај влошената состојба со короната во Турција

Европската фудбалска федерација не планира да го презакаже финалето на Лигата на шампионите што треба да се игра во Истанбул во друга земја, и покрај влошената состојба со короната во Турција.

„Финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи на 29 мај 2021 година на Олимпискиот стадион во Истанбул, како што беше планирано“, соопштија од УЕФА.

Состојбата со коронавирусот во Турција е влошена последните недели, поради што неколку земји веќе го ограничија воздушниот сообраќај со оваа земја.

Според турското Министерство за здравство, дневниот пораст на случаи со коронавирус во земјата за 13 април повторно бил околу 60 илјади лица.

Scroll to Top