УЕФА отвори постапка против Англија

Eвропската фудбалска федерација (УЕФА) отвори постапка против Англија поради случувањата на натпреварот против Данска. За време на натпреварот, навивачите на „Гордиот албион“, покажаа непочитување кон противникот исвиркувајќи ја данската химна за време на интонирањето.

Тие ги прекршија правилата на европската куќа на фудбалот и за време на изведувањето на пеналот во продолженијата, кога некој од навивачите на Англија, со ласер светеше во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел.

Ќе биде отворена истрага и за користење на пиротехнички средства, по што Англија веројатно ќе биде казнета.

Scroll to Top