Спортистите од Уганда кои освоија медали на Олимпијадата во Токио, од државата ќе добијат доживотна плата, автомобили и куќи, пренесоа локалните медиуми.
Освојувачите на златен медал ќе добијат доживотна плата од пет милиони угандски шилинзи (1.200 евра), но и нови автомобили, а Владата ќе им изгради и семејни куќи.
Помала награда ќе има за добитниците на сребрени медали. Нивната доживотна плата ќе биде три милиони шилинзи (725 евра), а освојувачите на бронзен медал ќе добијат еден милион шилинзи месечно (240 евра).
Златни медали за Уганда на Олимписките игри во Токио освоија атлетичарот Џошуа Чептегеи во трката на 5.000 метри и атлетичарката Перут Чемутаи на 3.000 метри со пречки. Чептегеи, исто така, освои сребро во трката на 10.000 метри. Јакоб Киплимон освои бронзен медал во трката на 10.000 метри.
За потсетување, слична награда доби и кревачката на тегови Хидилин Дијаз од Филипини, која првпат во историјата на оваа земја освои олимписко злато. Таа беше наградена со бесплатни авиобилети на компанијата „Ерејжа груп“ до крајот на животот, а доби и парична награда од 660.000 долари, стан и две куќи од филипинската влада и приватни компании.
Првата олимписка шампионка од Филипини наградена со стан, куќи и доживотно бесплатен авионски билет