Валентино Роси влезе во Мото ГП Куќата на славните

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси (42) влезе во Куќата на славните неколку часа по завршувањето на кариерата. Веста беше објавена на гала-вечерта што Мото ГП ја организира по завршувањето на сезоната.

Иако одлуката на Дорна е очекувана, сепак никој не очекуваше дека ќе се случи толку бргу. Дури и самиот Роси беше изненаден кога го доби ова признание.

„Замислував дека овој ден ќе ми биде кошмар бидејќи тој ден претставува крај на една долга кариера. Мислев дека така ќе биде во Валенсија, но денес навистина уживав. Им благодарам на сите што работеа со мене, на другите возачи. Неверојатен ден, навистина уживав“, рекол Роси.

Роси ја почна својата кариера во 1996 година и беше деветкратен светски шампион (седум пати во класата Мото ГП и по еднаш во класите 250 и 125 кубика). Во својата богата кариера извозе 432 трки, на кои оствари 115 победи и 235 пласмани на победничкиот подиум.

Докторот вчера стави крај на кариерата со трката во Валенсија. Тој им се приклучи на другите легенди на мотоспортот: Џакомо Агостини, Мајк Дуан, Анхел Нието, Кени Робертс, Марко Симончели, Диаџиро Като, Кесис Стонер, Дани Педроса, Ники Хејден итн.

Scroll to Top