Вардар исфрлен од завршниот турнир на СЕХА-лигата поради еден случај на коронавирус во екипата

Раководството на СЕХА-лигата не му дозволи на македонскиот првак Вардар да игра на завршниот турнир во Задар поради еден случај на коронавирус во екипата.

Здравствените власти во Хрватска спроведоа тест на Ковид-19 во тимот на Вардар во вторникот, 31 август, и резултатите покажаа дека има еден позитивен член на тимот. Заразениот и оние што биле во контакт со него веднаш биле сместени во изолација.

Од СЕХА-лигата објаснија дека постапиле според препораките на Европската Унија во врска со зголемениот број инфекции во земјите на ЕУ.

„По разговорите, Извршниот комитет ги провери документите, препораките и се согласи со голема одговорност и совест дека конкуренцијата и здравјето на сите учесници не може да бидат загрозени. Поради сето споменато погоре, Извршниот комитет донесе одлука РК Вардар 1961 да биде исклучен од фајналфор на СЕХА – Гаспром-лигата во сезоната 2020/2021.

Scroll to Top