Веселин Вујовиќ е нов тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар. Ова е трет ангажман на црногорскиот ракометен стручњак, кој претходно во Скопје работеше од 2006 до 2009 година и од 2011 до 2013 година.
Веста дека тој повторно ќе го предводи клубот беше соопштена денеска од страна на претседателот на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски.
Вујовиќ на тренерската функција во Вардар ќе го наследи Стевче Алушовски, кој го предводеше тимот до двојна круна во сезоната 2020/2021.