(Видео) Бобан Николов во стилот на Бироф го даде првиот гол за Шериф Тирасол

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов, кој неодамна направи трансфер од Лече во дебитантот во Лига шампиони од Молдавија, Шериф Тирасол, вчера го даде својот прв гол на гостувањето против Зимбру.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, а Бобан прв го отвори мечот во стилот на некогаш најдобриот германски репрезентативец Оливер Бироф. Германецот беше познат со неговите погодоци со глава, кои неретко ги даваше и во дресот на Милан.

Scroll to Top