(Видео) Буфон го одигра последниот натпревар за Јувентус

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, синоќа го одигра последниот натпревар за „старата дама“. Италијанскиот голман по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус, но не најави дека ќе се пензионира.

Синоќа клубот од Торино минимално ја порази Аталанта со 2:1 и го освои Купот на Италија. За Јувентус ова е 14. титула во Купот, а до неа дојде со головите на Кулушевски и Киеза, за Аталанта погоди Малиновски.

 

Scroll to Top