Американската атлетичарка Сузи Фејвор Хамилтон, која трипати настапуваше на Олимписките игри, призна дека работела како ескорт-девојка за 600 долари на час. 51-годишната спортистка ги издаде своите мемоари „Брза девојка: Живот во бегство од болеста“ и во нив отворено раскажува дека страда од биполарно нарушување, зборува за бракот и трите деца, но ја откри и најголемата тајна, дека неколку години работелка како елитна проститутка.
„Сигурна сум дека никогаш немаше да станам ескорт-девојка да не беа лековите шот ме направија хиперсексуална. Тоа не бев јас. Тоа беше мојата болест, беше двоен живот. Тоа за мене беше бегство од животот во кој се мачев. На првиот состанок бев навлечена. Потоа се трудев да го посетувам Лас Вегас што е можно почесто“, пишува во мемоарите Сузан.
Таа вели дека за својот двоен живот знаел само маж ѝ, но дека не ја осудувал. И покрај тоа, шампионката имала голем проблем со самодовербата.
„На Олимписките игри во Сиднеј, на трката на 1.500 метри, ме поминаа пет девојки и со тоа згасна мојот сон за медал. Наместо да ја завршам трката, намерно паднав. Потоа сè тргна надолу“.
Набргу потоа таа останала бремена и го родила првото од трите деца. За годишницата од бракот, на својот сопруг му предложила да отидат во Лас Вегас за да се забавуваат.
„Работите со Марк не одеа најдобро, па за да го спасиме бракот, одлучивме во 2011 година, на годишнината, да заминеме за Лас Вегас. Тука го наговорив да скокнеме со падобран, а потоа му предложив и да имаме секс во тројка. Се сеќавам, тој ми рече: ‘Ова треба да го правиме почесто’ и тоа е моментот кога се навлеков“, тврди Сузан.
По неколку месеци му рекла на сопругот дека мора да се врати во Вегас, ама сама. Тогаш му се јавила на сопственикот на успешна ескорт-фирма и набргу почнала да работи. Била искрена, му кажала на сопругот што ќе работи, а ја имала и неговата поддршка. Десет месеци била ескорт-девојка во Лас Вегас.
Сузи денеска патува низ Америка како предавач. Таа е потполно отворена и зборува за двојниот живот што го водела.
„Моето животно искуство е богато. Можев да се свртам на дрогата, коцката, алкохолот…, но јас го избрав сексот“, искрена е атлетичарката.