(Видео) Дибала го прослави голот против Зенит како легендарниот Мишел Платини

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала синоќа против тимот на Зенит, во Лигата на шампиони, го прослави голот како легендарниот Мишел Платини, откако го сруши неговиот рекорд во дресот на Јувентус. Тој легна на земја држејќи ја главата.

Синоќа Дибала постигна два гола и со тоа стигна до бројката од 105 погодоци, еден повеќе од легендарниот Французин.

Платини до оваа бројка стигна во 1985 година за време на финалето од Интерконтиненталниот куп против Аргентинос Јуниорс. Само за потсетување, тоа не беше негов начин за славење, туку протест поради поништен гол.

Јувентус синоќа прослави победа против Зенит во Лига шампиони со 4:2, а покрај Дибала стрелци на погодоците за Старата дама беа и Киеса и Мората. Италијанскиот клуб е прв во групата со максимален учинок пред Челзи.

Scroll to Top