(Видео) Елмас откачи од радост откако го освои Купот на Италија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, вчеравечер со тимот на Наполи го освои Купот на Италија. Откако во финалето го победија Јувентус, фудбалерите славеа прво на теренот, па во соблекувалата. Меѓу најсреќните беше Елмас, кому ова му беше прв голем трофеј во кариерата. Тој откачи од радост заедно со Дрес Мертенс, а видеото го објави на својот инстаграм-профил.

„Првиот трофеј во мојата кариера со специјален тим. Ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот во долга серија“, напиша Елмас на „Инстаграм“.

Фудбалерот доби бројни честитки за победата, а некои од фановите му порачаа дека е подобар од Роналдо.

За потсетување, Наполи победи на пенали 4:2, откако натпреварот заврши 0:0. Натпреварот се играше на „Олимпико“ во Рим.

Scroll to Top