(Видео) Елмас постави рекорд со гол за Наполи во 11. секунда

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас, го даде вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа. Играчот на Наполи постигна гол во 11 секунда на синоќешниот натрепвар против Спартак Москва.

Елмас го престигна Витоло кој во 2015 година даде гол во 13 секунда. Најбрзиот гол во десеттата секунда е на Јан Сикора од 2015 година, на мечот меѓу Карабаг и Либерец, објави УЕФА.

За потсетување, Наполи беше поразен на домашен терен од рускиот тим со 3:2.

Scroll to Top