Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас го даде третиот гол сезонава во Серија А за Наполи, откако го претрча целиот терен на натпреварот со Аталанта. Тој го отпиша гостинскиот им во Бергамо на крајот од натпреварот кој заврши со 3:1.
Со оваа победа тимот на Лучијано Спалети освои 66 бода и го дели првото место во Серија А со тимот на Милан. Милан има и натпревар помалку. Утре во понеделник од 20:45 часот ќе игра со Болоња. За потсетување, Елмас му даде гол и на Милан, а погоди и во првото коло со Венеција.