(Видео) Елмас зад грб асистираше за осма рекордна победа на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, со неговиот тим Наполи, со синоќешната победа над Торино, ја продолжи одличната серија победи. Елмас беше асистент на голот со кој Наполи стигна до победата на десет минути пред крајот на натпреварот.

Фудбалерот случајно зад грб му асистираше на Виктор Осимен, кој беше стрелец на погодокот против Торино.

Сега Наполи има 8 победи во 8 натпревари и го израмни најдобриот старт во клупската историја. Наполи е единствен и со перфектен биланс во најдобрите 5 лиги во Европа.

Пари Сен Жермен има девет победи, но од 10 меча, Челзи има и пораз и реми во осум дуели, иско како и Баерн во Германија.

 

Scroll to Top