Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг, дизајнираше свој тркачки автомобил. Иако одамна не се трка, на неговиот ЈуТјуб канал покажа како го дизајнирал сопствениот тркачки автомобил, електричен хиперавтомобил, познат како „Екстрим Е“.
Розберг беше шампион во Формула 1 со Мерцедес, кога го победи неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Неговиот татко, Кеке Розберг, беше првиот Финец кој се натпреварувал во Формула 1 шампионатот, а во 1982 година бил светски шампион.