(Видео) Фудбалерите добија химна за ЕУРО 2020

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со бендот „Вис Рисови“ направија песна за поддршка на нашите фудбалери за претстојното Европско првенство.

ФФМ објави дел од химната во времетраење од 30 секунди пред песната да биде официјално промовирана.

Снимањето е на терените на ФФМ, а песната ја исполнува „Вис Рисови“, бенд формиран за навивачката химна од долгогодишни искрени фанови на репрезентацијата. Бендот го сочинуваат Саше Љолес, Петар Младеновски, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.

Scroll to Top