(Видео) Фудбалот во Англија станува сè побрутален, стартот на Перес за директен црвен картон

Фудбалерот на Лестер Ајозе Перес заработи директен црвен картон на натпреварот во Премиер лигата со Вест Хем, по стартот над Пабло. Тој го напушти предвреме теренот, откако директно згази на ногата на противничкиот играч.

Со ова само се потврдија изјавите на тренерите на Ливерпул и Манчестер јунајтед, Јирген Клоп и Оле Гунар Солскјер, дека фудбалот во Премиер лигата, станува сè погруб, велат експертите. Двајцата тренери претходно ја споредија играта со спортовите како борење и рагби.

За потсетување, Вест хем убедливо го совлада Лестер со 4:1.

Scroll to Top