(Видео) Ѓоковиќ ѝ се извини на публиката на Вимблдон за пцостите

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се извини за своето однесување за време на мечот на Вимблдон против Американецот Денис Кудла. Тој им се извини на гледачите и објасни дека бил изнервиран од грешките што ги направил.

„Пушете ми..“, почнал да се дере Ѓоковиќ кон публиката, а подоцна објаснил дека бил провоциран.

„Знаете дека 90 проценти од мечевите ги играм против публиката, теренот, противникот и сите други. Навикнав на тоа, но, од друга страна, и јас сум човек со емоции, од крв и месо, па не можам секогаш да останам смирен кога некој ќе ме провоцира и ќе ги премине границите на спортско однесување и почитување. Тогаш му покажувам каде му е местото“, рече Ѓоковиќ.

Scroll to Top