(Видео) Голман постигна гол во 93 минута за пресврт на својот тим

Голманот на германскиот третолигаш Инголштад, Фабија Бунтиќ, со погодокот во 93. минута од продолжението, придонесе за победата на својот тим против Викторија од Келн.

Гостите водеа со 1:0 до 93. минута. Најпрво Бунитиќ изедначи за 1:1, а победата на домашниот тим му ја донесе Жинола Елва, што предизвика големо слајве на домашните навивачи и фудбалери на теренот.

Фабијан Бунтиќ е 23 годишен голман роден во Штутгард, кој има двојно државјанство, хрватско и германско. Кариерата ја започнал во младинските селекции на Штутгард, а од 2016 година е во Инголштад.

Scroll to Top