(Видео) Голманот на Ремс го донесе синот за да се сликаат со Меси на неговиот прв меч со ПСЖ

Голманот на францускиот тим Ремс, Предраг Рајковиќ, го донесе својот син за да се слика со Лионел Меси, за време на неговиот прв натпревар во дресот на ПСЖ. Тие направија неколку селфиња на крајот од мечот.

Ова беше првпат Меси да игра за друг клуб, а не за Барселона каде играше од својата 13 -та година до ова лето, кога пристигна во францускиот тим без никаков надомест.

За потсетување, ПСЖ го победи Ремс на гости со головите на Мбапе, но, се чинеше дека сите го чекаа моментот кога Меси ќе стапне на теренот.

Меси дебитира за ПСЖ, влезниците за натпреварот се препродавале за 6.000 евра

Scroll to Top