(Видео) Голот од половина терен на Шик избран за најдобар на Европското првенство

Голот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го даде против Шкотска во првото коло на Европското првенство е прогласен за најдобар на целиот турнир. Шик доби 800.000 гласови за голот што го даде од 45,4 метри. Ова е најдолгото растојание од кое е постигнат гол во историјата на европските шампионати.

На второто место се најде голот на францускиот играч за врска Пол Погба против Швајцарија во осминафиналето на ЕВРО2020, а голот на хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ, против Шкотска, е избран за трет најдобар гол. На четврто место е голот на Италијанецот Лоренцо Инсиње на натпреварот со Белгија, а последен на Топ 5 листата е Кристијано Роналдо и неговиот гол против Унгарија.

Претходно Џанлуиџи Донарума, голманот на Италија, беше прогласен за најдобар играч на првенството.

Scroll to Top