(Видео) Грчки фудбалер бил пронајден мртов во својот автомобил

Полицијата во Грција го пронашла грчкиот фудбалер Никос Цуманис (31) мртов во својот автомобил, пренесуваат тамошните медиуми. Потрагата по младиот фудбалер траела со денови, а неговиот автомобил на крајот бил најден во Каламарија, недалеку од Солун.

Кога го нашле, полицијата веднаш го однела Никос во болница, но тој веќе бил мртов. Неофицијално, Цуманис бил задушен. Полицијата го нашла врзан. Цуманис важеше за голем грчки талент пред десет години.

Тој поголемиот дел од својата кариера го мина во тимот на Арис. Потпиша и за Македоникос минатиот месец, тим од третата лига, но никогаш не загира за него.

Scroll to Top