(Видео) И со ласер во очите Шмајхел му го одбрани пеналот на Кејн

Вчерашниот натпревар меѓу Данска и Англија мина со голем број контроверзи околу досудениот пенал во второто продолжение за „Гордиот албион“.

Данска испадна од Европското првенство, откако Хари Кејн даде гол во продолжението и го обезбеди првото финале на Англичаните.

Судиите не го забележаа ни моментот за време на изведувањето на пеналот, кога англиските навивачи со ласер од трибините му светеа на данскиот голман Каспер Шмајхел. И покрај пречките Каспер успеа да одбрани од прва, но Кејн погоди во вториот обид.

„Се надевам дека лицето што му светкаше со ласерско пенкало на Каспер Шмајхел е пронајдено и казнето. Одвратно однесување“, се само дел од пишувањата на социјалните мрежи.

Судиите не го забележаа ни моментот пред досудениот пенал, кога на теренот се најдоа две топки, нешто што не е дозволено.

Scroll to Top