(Видео) Илија Несторовски, по голот за Македонија, рече дека пцостите биле за оние што му се заканувале

Македонија вчера го победи Лихтенштајн со 5:0, а стрелецот на последниот гол, Илија Несторовски, кој го постигна својот јубилеен 10-ти погодок за репрезентацијата, место со задоволство и радост, прослави со пцости во една од камерите.

Потоа се оправда дека немал ништо против македонската јавност, туку дека сакал да им испрати порака на три лица, кои му се заканувале нему и на неговото семејство.

„Навредата беше наменета за три лица, кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Напаѓачот во изминатите натпревари играше во лоша форма и беше цел на критики, а сега многумина коментираат на социјалните мрежи и бараат соодветна казна.

Селекторот Игор Ангеловски изјави дека првин ќе ја гледа снимката, а потоа ќе излезе со коментар.

 

Scroll to Top