Фудбалерите на Италија се новите европски шампиони, по победата над Англија. Италијанците по 53 години повторно го кренаа пехарот. Тие беа подобри во изведувањето на пеналите, откако претходно натпреварот во 90-те минути заврши 1:1, а истиот резултат беше и во продолженијата.
Англија поведе прва со голот на Шо во втората минута и тоа беше најбрзиот гол постигнат на едно финале на Европските првенства. Италијанците израмнија преку Леонардо Бонучи во 67 минута.
Бонучи со неговиот гол стана најстар фудбалер кој успеал да постигне погодок на 34 години и 71 ден. Вторпат во историјата на европските првенства за титулата се одлучуваше на пенали.
Херој кај Италијанците беше голманот Џанлуиџи Доњарума, кој ги одбрани пенелите на Рашворд, Санчо и Саха. Кај Италијанците промашија Белоти и Жорињо. Италијанскиот голман е прогласен и за најдобар фудбалер на Европското првенство во фудбал 2020
Финалето го следеше кралското семејство војводата и војтвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт со нивниот син Џорџ. Меѓу нив беа и холивудскиот глумец Том Круз, поранешниот фудбалски капитен на Англија Дејвид Бекам, макенеката Кејт Мос и британскиот премиер Борис Џонсон.
За потсетување, ова беше прво Европско првенство на кое настапи и Македонија.