(Видео) Kaко Валентино Роси ја избегна смртта на трката во Австрија

Мото-трката што викендов се возеше за Големата награда на Австрија ја одбележа инцидентот во кој животот за малку ќе го загубеше Валентино Роси. Според експертите, ако популарниот Доктор возел само малку побрзо, најверојатно не би го преживеал падот на патеката.

Мото ГП на официјалниот твитер-профил го објави видеото од овој инцидент со коментар дека ова е една од најстрашните незгоди што се случила во историјата на мото-трките.

Инаку, на Мото ГП во Австрија победи возачот на Дукати, Андреа Довициозо.

Scroll to Top