(Видео) Картинг-возач доби суспензија од 15 години, затоа што го удрил противникот со браник

Картинг-возачот Лука Карбери доби забрана за учество на трките во период од 15 години, откако во октомври минатата година со браник го удри неговиот противник Паоло Иполита. Иполита смета дека Карбери го исфрлил од патеката. Потоа двајцата се пресметале во пит-стопот.

По трката навивачите бараа доживотна суспезија за Лука, но со оглед на тоа дека има само 15 години, одговорните сметаат дека 15 години ќе бидат доволни. Лука подоцна објави на социјалните мрежи дека повеќе никогаш нема да се врати на трките. Со свој коментар излезе и поранешниот возач во Формула 1, кој изјавил дека Карбери си ја уништил кариерата во мотоспорт трките.

 

Scroll to Top