(Видео) „Кометал, шампионе“ заврши пред 19 години, ама се раскажува со генерации

Пред деветнаесет години ракометарките на „Ѓорче Петров“ ја израдуваа Македонија донесувајќи им ја првата европската титула. Незаборавната „Кометал, шампионе“, кога салата „Кале“ крцкаше до последното место, и денес е приказна за која се зборува.

Во епското финале против Ференцварош Херц, „кометалки“ славеа со 26:22 и ја надоместија предноста од два гола откако претходно беа поразени со 27:25.

Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плочиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Ларса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска го остварија до тогаш најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт.

Овој неверојатен состав освои пехар во Лигата на шампионите, 17 пати стана шампион на Македонија и освои 16 трофеи во Купот на нашата земја.

Scroll to Top