(Видео) Кристијано прогласен за играч на векот

Фубалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, е прогласен за играч на векот. Тој во Дубаи ја прими наградата што ја додели огранизацијата „Глоуб сокер наградите“.

Португалецот освои најголем број од гласовите пред Лионел Меси и Мохамед Салах. Пеп Гвардиола беше прогласен за тренер на векот.

„Да се биде тука со големи шампиони како Роберт Левандовски, Жерард Пике и Икер Касилјас е неверојатно. Икер е огромен пример за сите нас. Кога го имаше здравствениот проблем, не натера да се замислиме што е најважно за нас. Имам 36 години, но уште го сакам фудбалот, животот и семејството. Оваа награда ќе ми даде голема мотивација. Се надевам дека пандемијата ќе заврши следната сезона и ќе имаме повеќе фанови со нас“, изјави Роналдо.

Играчот на Баерн Минхен Роберт, Роберт Левандовски, ја освои наградата за најдобар играч, а за најдобар тренер беше избран Ханси Флик.

Реал Мадрид беше прогласен за најдобар клуб на векот со освоени пет титули во Лига на шампиони, седум шпански титули и две титули во Копа дел реј од 2001 година.

Касилјас и Пике добија посебни награди за нивната кариера, додека Баерн Минхен беше прогласен за клуб на годината.

Египетскиот клуб Ал Ахли, кој освои 13 египетски титули и 7 Африкански ЛШ е прогласен за најдобар клуб на Блискиот Исток во 21. век.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш ја доби наградата за агент на векот, а посебни награди добија две легенди кои веќе не се со нас – Диего Марадона и Паоло Роси.

Scroll to Top