(Видео) Лео Меси за малку ќе се степаше на терен

Фудбалерот на Аргентина Лионел Меси за малку ќе се степаше со противничкиот играч Едисон Кавани, за време на пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Уругвај.

Јужноамериканското дерби покрај убавите голови го одбележаа и жестоките вербални дуели меѓу двајцата врвни фудбалери. Играчите на Барселона и Парис Сен Жермен влегоа во дуел на теренот, кој подоцна продолжил и за време на паузата меѓу двете полувремиња.

Нетрпеливоста меѓу нив кулминирала во тунелот. Кавани по мечот изјавил дека го викнал Меси на тепачка, а Аргентинецот не му останал ништо покус и прифатил.

„Кога и каде сакаш“, му викнал Меси на Кавани.

За среќа, на теренот ситуацијата ја смирил Уругваецот Суарез, кој е тимски колега на Меси во Барселона. Тој успеал да ги смири Меси и Кавани и во тунелот и се погрижл ситуацијата да не излезе од контрола.

 

 

Scroll to Top