(Видео) Лионел Меси го заработи првиот црвен картон

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, го заработи првиот црвен картон во кариерата. Судијата го исклучи Аргентинецот на вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија.

Судијата преку технологијата ВАР го забележа моментот кога Меси удри еден од противничките играчи. Веднаш му додели црвен картон.

Ова беше прв црвен картон за Лионел Меси во долгогодишната кариера во Барселона. Досега тој има добиено црвен картон само како репрезентативец на Аргентина.

Scroll to Top