Поранешната ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, веќе го имаше првиот заеднички тренинг со Серхио Рамос. Двајцата до минатата сезона, беа големи ривали во Шпанското првенство и на Ел Класико, за сега одлично да се согласуваат.
Шпанецот ден претходно му посака добродојде на Меси во новиот клуб, а легендите на Реал и Барса брзо нашле заеднички јазик. Стоперот дури и му понудил на Меси со семејството да се пресели во неговата вила додека не го реши станбеното прашање во Париз.
Меси се запозна со повеќето во новиот клуб, од управата, навивачите и неговите нови соиграчи. Тој во кампот на ПСЖ дошочл два часа порано, пред почетокот на тренингот. Разговарал со тренерот Почетино и другите фудбалери. Се сретнал и со Килијам Мбапе.
Француските медиуми средбата ја опишале како средба меѓу францускиот принц и кралот.