Марко Пејчиновски (15), кој го привлече вниманието на јавноста пред три лета, кога го преплива Охридското Езеро и покрај инфарктот на нозете, денес плива 30 километри од Охрид до Свети Наум. Тој својот подвиг го почна утрово на градското пристаниште во Охрид, а вели дека е во чест на големиот празник Св. Наум Охридски.
„Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, стои во објавата.
Не е првпат Марко да ја плива оваа делница од 30 километри. Првпат официјално тоа го направи на 12-годишна возраст и тогаш му требаа девет часа да го преплива делот од Свети Наум до Охрид. По подвигот, јавноста го нарече „малиот херој со огромно срце“.