(Видео) Мојот единствен грев е тоа што не сум убава, рече голманката на Иран откога ја обвинија дека е маж

Голманката на Иран, Зорен Кудаеи, ги отфрли обвинувањата од Фудбаската федерација на Јордан дека на голот бил маж. Скандалот се случи по фудбалскиот натпревар меѓу жени во Азискиот куп кога Јордан ги обвини Ирачаните дека во нивниот женски тим на голот бранел маж.

Кудаеи сега вели дека нејзиниот единствен грев е тоа што не е убава.

По натпреварот, од Фудбалската федерација на Јордан испратиле барање до Азиската фудбалска федерација да се направи истрага со цел да се провери дали за Иран бранел маж.

Женската фудбалска репрезентација на Иран се пласира на Азискиот куп кога го победи Јордан по изведувањето пенали (4-2).

Зорен Кудаеи неколкупати беше предмет на истрага поради ова и реши да се брани преку медиумите.

„Мојот единствен грев е тоа што не сум убава“, рече голманката на Иран.

(Фото) За женската фудбалска репрезентација на Иран бранел маж

Scroll to Top