(Видео) Можеше да му ја скрши ногата на Меси, опасен старт над новата ѕвезда на ПСЖ

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси, избегна тешка повреда на мечот во квалификациите за Светското првенство, против Венецуела.

Новата ѕвезда на ПСЖ, мина без потешки последици по стартот на Адријан Мартинес. Меси прв стигна до топката пред дефанзивецот, по што Мартинес со отворен ѓон го удри во потколеницата. Можеше да му ја скрши ногата, пишуваат медиумите.

За среќа Меси не е потешко повреден и по укажаната помош го продолжи натпреварот. За потсетување, Аргентина ја совлада Венецуела со 3:1 и сега е втора на табелата со 15 освоени бодови, шест помалку од првопласираниот Бразил.

Scroll to Top