(Видео) Најсекси атлетичарката го испоти Томас Муние

Германската атлетичарка Алиса Шмид, која многу германски медиуми одамна ја прогласија за најсекси атлетичарка на светот, тренираше заедно со фудбалерот на Дортмунд Томас Муние.

Таа го провери колку е физички подготвен. 22-годишната Шмид, е дел од спонзорскиот договор со „Пума“, а тркачката ја сподели тренинг-рутината со Муние.

Таа претходно оваа година работеше и со други фудбалери на Дортмунд, како Мануел Аканџи и Матс Хумелс, а го предизвика и Хумелс на трка на 400 метри која фудбалерот не ја заврши.

Шмид стана популарна на германските атлетски митинзи, освојувајќи сребро на 4х400 метри на јуниорското ЕП во 2017 и се надева дека ќе се квалификува за Олимпијадата за трка на 400 метри. Покрај тоа, секако, таа работи како модел.

Scroll to Top