(Видео) Наташа Андонова со два гола му донесе победа на тимот на Леванте против Атлетико Мадрид

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова, му донесе триумф на нејзиниот тим Леванте од 2-1 против Атлетико Мадрид, во последниот подготвителен меч пред новата сезона.

Клубот од Валенсија славеше со 2-1, а пресвртот го донесеше токму Наташа која прво во 52 минута даде мајсторски гол за израмнување, а потоа во 67 минута беше прецизна од белата точка.

Со ова Леванте го положи последниот испит пред дуелот со Селтик во квалифиакциите за Лигата на шампионите, дуел закажан за 18 август од 18 часот.

Scroll to Top