(Видео) Натпреварот меѓу Белгија и Данска запре за момент во знак на поддршка на Ериксен

Натпреварот меѓу Белгија и Данска беше прекинат за момент, во знак на поддршка на данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен, кој колабираше на првиот натпревар на Европското првенство, против Финска. Прекинот се случи во 10 минута, бројка која Ериксен ја носеше на својот дрес.

Навивачите на стадионот и играчите на двете репрезентации со аплауз му дадоа поддршка на Данецот, кој сè уште е во болница по колабирањето на теренот на мечот со Финска.

УЕФА пак го поддржа Ериксен така што малку ја промени кореографијата пред почетокот на натпреварот, па на големиот дрес кој излегува за секоја репрезентација пред почетокот на натпреварот беше испишано името на Ериксен, како и неговиот број 10.

Scroll to Top