(Видео) НБА кошаркарот Јокиќ иако се извини доби суспензија за напад на противнички играч

Српскиот НБА кошаркар Никола Јокиќ иако се извини доби суспензија од неиграње на еден натпревар, по физичкиот напад на противнички кошаркар.

Тој во вторникот на мечот меѓу Денвер и Мајами, силно го удри кошаркарот Маркиф Морис од зад грб и го кутна на паркетот. Јокиќ го удри откако претходно беше неспортски фаулиран од Морис. Српскиот центар рече дека тоа бил глуп потег и дека жали за неспортското однесување.

По заработената суспензија тој ќе го пропушти мечот со Индијана Пејсерс.

За потсетување, откако Јокиќ го удри Морис, а овој негов потег предизвика мешаница на теренот, по што и двајцата заработија исклучување.

По инцидентот казна заработи и еден од членовите на тимот од Флорида за неговото однесување. Тој ќе мора да плати 50.000 долари, а казнет беше и кошаркарот на Мајами Џими Батлер кој се обиде да се пресмета со Јокиќ. Тој ќе мора да плати 30.000 долари.

Scroll to Top