(Видео) Новиот футуристички изглед на стадионот на Реал Мадрид

Челниците на Реал Мадрид го прикажаа новиот футуристички изглед на стадионот Станијаго Бернабеу. Реновирањето на стадионот започна уште минатата година за време на пандемијата со коронавирусот, а фудбалерите од тогаш играат на нивниот помошен терен „Алфредо ди Стефано“.

Фановите коментираат дека стадионот потсетува на вселенски брод и е навистина непрепознатлив. Реновирањето и сите градежни активности треба да завршат наредната година во септември, па до почетокот на 2023 година.

Архитеките велат дека новиот стадион е вистински напредок во градежништвото и за разлика од претходно ќе има лизгачки покрив.

Scroll to Top