(Видео) Одличен гол на Елмас против „Џенова“ на Пандев

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера го постигна првиот гол во новата сезона на Серија А на натпреварот против „Џенова“ на Горан Пандев. Ова е втор гол на Елмас во италијанската фудбалска лига. Натпреварот заврши 6:0 за „Наполи“.

Елмас влезе во игра во 22. минута, а голот го постигна во 69. И Пандев не играше во првата постава на својот клуб, туку влезе во второто полувреме.

За „Наполи“, ова е втора победа сезонава, а „Џенова“ вчера го претрпе првиот пораз во новата сезона.

Scroll to Top