Македонскиот фудбалер Горан Пандев го даде првиот гол во дресот на Парма. Тој влезе во второто полувреме на натпреварот против Портедоне и погоди по само десет минути игра, а учествуваше и во акцијата за вториот гол на Парма. Но поради повреда излезе пред крајот.
Пандев сега има дадено голови за седум различни тимови во Италија. Претходно погодуваше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова. За потсетување, Парма во Серија Б го совлада Портедоне со 4:1.