(Видео) Пандев го одигра последниот натпревар за Џенова сезонава

Македонскиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, го одигра последниот натрепвар за Џенова сезонава во италијанското првенство. Неговиот тим славеше на гостувањето против Каљари со 1:0. Стрелец на голот беше Елдор Шомуродов. Пандев играше до 57 минута, кога беше сменет.

Некои од италијанските медиуми пренесуваат дека тоа можеби биле последните минути за капитенот во клупската кариера.

Scroll to Top