(Видео) По победата над Валенсија, фудбалерите на Барса се собраа кај Меси на скара

Фудбалерите на Барселона викендов се собраа кај Лионел Меси на скара. Тие се дружеа и ја славеа победата над Валенсија од 3:2. Со победата над „лилјаците“, каталонците останаа во трка за титулата. Меси смета дека на овој начин ќе го зајакне тимскиот дух, пред крајот на сезоната.

„Шампиони, шампиони“, се слуша на видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека Меси и неговите соиграчи се убедени дека на крајот ќе стигнат до пехарот.

Scroll to Top